Дали сте знаеле дека ...
Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
„Голема Недела“ - црква Св. Илија село Јабланица 2013 година
24 септември 2013 год.
Подготовки за празнување на празникот „Св. Недела“ во црквата Св. Илија - село Јабланица
Завршуваат последните подготовки околу организацијата на празникот „Голема Недела“ во манастирската црква св. Илија во село Јабланица. Како што е познато празникот се празнува првата недела после празникот „Воздвижение на чесниот крст“ помеѓу народот познат како Крстовден.
Оваа година празнувањето се совпаѓа со празникот „Светата великомаченичка Ефимија; Преподобен Доротеј; Светата маченичка Људмила;“ на 29 септември.
За целокупната организација оваа година е задолжена малата „Ломница“
СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА И ОВАА ГОДИНА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ ЌЕ БИДАТ НА НАША СТРАНА, ВОЕДНО ВЕ ПОВИКУВАМЕ ЗАЕДНО ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ ПРАЗНИКОТ „ГОЛЕМА НЕДЕЛА“ И ДА ЈА ПОЧУВСТВУВАМЕ БОЖЕСТВЕНАТА ЕНЕРГИЈА ШТО ИЗВИРА ОД ОВА МЕСТО.
Во следниве денови пред празнувањето и после ќе се обидеме да ја доловиме атмосферата од самото место, во меѓувреме подетални информации може да прочитате ОВДЕ
24 септември 2013 год.
„Голема Недела “ во црквата Св. Илија - село Јабланица 2013 год.
Денеска, буквално, сите патишта водеа кон селото Јабланица и манастирската црква св.Илија
(фото галерија)