Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2015 во село Јабланица


01 август 2015 год.

Овие денови Јабланица дише во знакот на дочекот на најголемиот македонски празник Илинден.

Јабланичани традиционално на 2 август во раните утрински часови прво ја посетуваат манастирската црква Св. Илија, таму се организира релаксирано дружење и скромна закуска. Од година во година бројот на посетители постојано се зголемува, особено радува фактот што помеѓу посетителите се побројни се младите Јабланичани. Се надеваме дека и понатака ќе ја одржиме оваа прекрасна традиција.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ

 

Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2015 година
1.ГОРНА МААЛА Победник од екипата 1 и 2 Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) Победник
2.ГРОФ
3.БЕЛКОВЦИ Победник од екипата 3 и 4
4.ДЕЈКОСКА
5.ЛОМНИЦА Победник од екипите 5 и 6 Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2)
6.ШАЈНОА МААЛА
7.ТОПЛЕЦ Слободна

Турнирот започнува во 8:30 часот со натпреварот ГОРНА МААЛА - ГРОФ

Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

За многу години да го славиме Илинден

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2015 год, село Јабланица

02 август 2014 год.

Горна Маала - Гроф 4:1

За жал и оваа година немаше претставници на Дејкоска Маала, очигледно е дека за помладите генерации турнирот го нема истото значење како порано. Заради одржување на традицијата и во интерес на одржување на турнирот се формира екипа која ја замени екипата на Дејкоска маaла. Сепак во иднина организаторите треба да размислат за некакви измени со цел на задржување на интересот за овој турнир

Белковци (Резервна екипа) Дејкоска Маала 2:1

Ломница -Шајноа Маала 1:1 (пенали 0:1)

Прво полуфинале: Горна Маала Топлец 3:0

Второ полуфинале: Белковци- Шајноа Маала 1:1 (пенали 1:0)

ФИНАЛЕ: Горна Маала - Белковци 3:0

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2015 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:

ГОРНА МААЛА


web counter