Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

25 март 2013 год.

Локални Избори 2013

(личен став)


Драги пријатели,

Заврши првиот круг на Локалните избори 2013 година. Според првичните, неофицијални резултати, Нашиот кандидат, Д-р Владимир Кочоски, со голема предност влегува во вториот круг, пред кандидатот на ДПА Зијадин Сеља.

Иако, кај дел од гласачите, постои разочараност од резултатот и испуштањето на шансата за победа уште во првиот круг, простор за незадоволство не треба да има.

Малодушноста никогаш не била одлика на Македонецот, напротив, истрајноста, бескомпромисноста, храброста, одлучноста и борбата до крај се одлики на Македонецот.

Ако не беше така, денес немаше да имаме слушнато за; Херонеја, Гавгамела, за Ис, Пидна, Киноскефале, за Беласица и Марица, за Карпошовото, Кресненското, Разловечкото за Илинденското Востание, немаше да имаме слушнато за Народно Ослободителната Борба, немаше да имаме слушнато за сите наши помали и поголеми победи и порази, зашто немаше да постои нашата татковина Македонија.

Нашата борба не е временски ограничен натпревар, нашата борба е процес кој што трае со милениуми,таа не зајакнува и одржува, таа не прави тоа што сме.

Затоа на 7 април, да ги отфрлиме нашите суети, ако, постои уште некоја бубачка во нашите глави, да ја избркаме и уште посплотени да го дадеме гласот за нашиот кандидат Д-р Владимир Кочоски.

Овојпат, се надеваме, дека нашите браќа по род, со кои делиме исти обичаи и јазик, Македонците со муслиманска вероисповест и сите прогресивни жители на Струга и Струшко ќе ја препознаат нашата идеја за сплотување а, не за разединување, за ред а, не за безредие, ќе излезат на 7 април и ќе гласаат за Д-р Владимир Кочоски.

Само така, со гордо кренати глави, ќе можеме да излеземе пред идните поколенија и да им кажеме: „ Да, јас бев учесник и сведок на тие славни денови на Струга и за Струга“, зошто подобро е еден ден да си херој отколку цел живот кукавица.

Горан Цоклески

web counter