Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески„ - село Јабланица 2018 година
18 август 2018 год
Денеска во Јабланица се одржа тринаесеттиот меморијален турнир во мал фудбал „Наумче Ѓерѓески“.
На турнирот учествуваа 16 екипи, Победник на турнирот беше екипата Јабланица од Јабланица, која што во финалето ја совлада екипата на Луково од Луково со резултат 4:1.
Третото место го освои екипата на Сунѓери од село Јабланица. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Дарко Балоски од Луково.
Победник на турнирот екипата на Јабланица
Дел од второпласираната екипа Луково
Третопласираната екипа Сунѓери од Јабланица
Најдобар стрелец Дарко Балоски - Луково
Дел од атмосферата на турнирот, доделување на наградите
Информации за турнирот од претходни години: 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
2016 |