Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Празнување на Светата великомаченичка Недела во село Јабланица


20 јули 2014 год.

На патот што води до манастирската црква Св. Илија во селото Јабланица, на околу 1300 метри надморска височина се наоѓа малата црквичка посветена на Светата великомаченичка Недала.Многувековните дабови стебла подобро од луѓето зборуваат за моќта на ова место.Во непосредна близина на црквичката се наоѓа извор за кој што повозрасните жители на селото Јабланица сметаат дека има лековита моќ. Со изградбата на патот кон манастирот овој извор неоправдано беше заобиколуван од голем број на верници. Благодарејќи на иницијативата на Емилија Долинска и поширокото семејство Долински овој простор сега доби поинаков изглед.Почистена е патеката што води до изворот, а таму е изградена една прекрасна чешма каде што верниците ќе можат да наполнат света вода.

(ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ, ОВАА СТАТИЈА ПРЕДИЗВИКА НЕВООБИЧАЕНО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ВАС.ОДНОСНО, ПОВЕЌЕ ОД 750 ПОСЕТИ.ОД ТИЕ ПРИЧИНИ ВИДЕОТО Е НЕДОСТАПНО БИДЕЈЌИ Е НАДМИНАТ ЛИМИТОТ ОД 5GB ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ И МОМЕНТАЛНО СМЕТКАТА Е БЛОКИРАНА. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАСКОРО ЗАЕДНИЧКИ ЌЕ ГО НАДМИНЕМЕ ОВОЈ ПРОБЛЕМ ОД ФИНАНСИСКА ПРИРОДА И ЌЕ ВИ ОВОЗМОЖИМЕ НЕПРЕЧЕНО ДА УЖИВАТЕ ВО НОВИТЕ СОДРЖИНИ.)

(фото галерија)

Денеска на 20 јули во склоп на празникот посветен на Светата великомаченичка Недела беше организиран црковен собир на кој што беше осветена оваа чешма.

Покрај големиот број на верници од селото Јабланица и околината чинот го овековечи независната продукција Мариово филм која што веќе сними и емитува една документарна емисија за селото Јабланица, на телевизијата 24 вести, а во фаза на подготовка се уште цела серија емисии со кои ќе бидат опфатени црквите обичаите и природните убавини на селото Јабланица.

Во овие тешки времиња за Јабланица кога нејзиниот крик за помош се одбива од Стрижак, стрмоглаво се спушта кон Ѕвездица и се губи во неврат секој публицитет е добредојден.

Од тој аспект Мојата Јабланица во име на жителите на селото Јабланица изразува голема благодарност до продукцијата за публицитетот кој што и е даден на Јабланица.

Мојата Јабланица во најскоро време во соработка со екипата на продукцијата ќе се потруди да обезбеди линкови до видеата за сите кои што немаат можност да ги погледнат во живо на телевизијата 24 вести.

Доколку сакате повеќе да дознаете за работата на продукцијата можете тоа да го направите на следните линкови:

Мариово филм (веб страница)

Мариово филм (Facebook)

web counter