Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Elisabetha Pejcinoska

...Јабланичанката Елизабета Пејчиноска успешно ја гради својата актерска кариера во Холивуд. После завршувањето на Краус Конзерваториумот во Виена и многубројните улоги во Националниот Театар од Виена, Елизабета во 2007 го сними филмот Revanche кој што беше номиниран за Оскар во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје.

После тоа се преселува во Лос Анѓелес, Калифорнија каде што играше во филмот Jackrabitt во режија на Дајан Амбрусо. Освен што работи на неколку куси филмови се јавува и како автор и продуцент на еден краток филм Beverly Hills Rehab.

10 август 2012 год.

СООПШТЕНИЕ !


Во пресрет на христијанскиот празник (Празникот на сите македонски светители) популарно познат како Голема Недела во наредниов период во манастирската црква Св. Илија се планира изградба на два ѕида од камен околу просторот каде што се служи ручек со цел порамнување на теренот и припрема на теренот за поставување монтажна конструкција. Двата ѕида од страните се со должина од по околу 40 метри и висина која што зависи од теренот но не повеќе од 70 см.,и еден ѕид со должина од околу 5 метри паралелно со црквата на страната каде што се наоѓа камбанаријата и висина од околу 1 метар.

slika1.jpg
слика1
Заради порамнување на просторот каде што се врши послужувањето на ручекот и припрема за изградба на монтажна конструкција за покривање на теренот во случај на лоши временски услови, се планира изградба на два зида, од двете страни, со должина од по 40-тина метри и висина спрема теренот, но не повисока од 70 цм

slika2.jpg
слика2
Заради проширување и облагородување на просторот каде што се наоѓа камбанаријата се предвидува изградба на ѕид со должина од 5 метри и висина од околу еден метар, паралелно со црквата.

Се повикуваат сите заинтересирани мајстори и работници да достават свои понуди за извршувањето на работите, или по дневница или на квадрат. Црквата има обврска да го донесе материјалот за работа на местото на извршување на работите, додека сите алатки за извршување на работата се обврска на мајсторите.

Заинтересираните околу датумот и местото на отворањето на понудите може телефонски да се консултираат со членовите на црковниот одбор:

1. Цоклески Илчо тел: 076 405 210

2. Цоклески Бошко тел: 070 394 970

Предност ќе имаат понудите кои што ќе содржат најниски цени, но доколку некој сака бесплатно да ја изврши работа, понудите нема да бидат земени во предвид.


web counter