Празнување на Водици во Јабланица
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Elisabetha Pejcinoska

...Јабланичанката Елизабета Пејчиноска успешно ја гради својата актерска кариера во Холивуд. После завршувањето на Краус Конзерваториумот во Виена и многубројните улоги во Националниот Театар од Виена, Елизабета во 2007 го сними филмот Revanche кој што беше номиниран за Оскар во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје.

После тоа се преселува во Лос Анѓелес, Калифорнија каде што играше во филмот Jackrabitt во режија на Дајан Амбрусо. Освен што работи на неколку куси филмови се јавува и како автор и продуцент на еден краток филм Beverly Hills Rehab.

18 јануари 2013 год.

Празнување на Водици во Јабланица


Водици 2013 година село Јабланица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 
 

Во село Јабланица, празнувањето на ( Богојавление) Водици се дочекува со голема радост. Тоа е единствена можност во годината кога жителите на селото од разни генерации и краишта во светот се враќаат во Јабланица.

Празнувањето на Водици во Јабланица е традиција долга повеќе од два века и има свои специфики.

Луѓето од блиски родови формираат друштво наречени „корст“ за заедничко прославување на празникот, подоцна „корстот“ се прошируваат во зависност од просторот на живеење односно маалото. Членувањето во „корстот“ претставува привилегија и чест но исто така со себе носи и многу обврски. Процедурата на примање нови членови во „корстот“ е доста сложена, односно потребна е безусловна согласност на неговите членови, доброволното напуштање е обусловено со организирање на прославата во моментот на напуштање на „корстот“ без разлика на редоследот.

Во моментов во селово има 10-тина „корстови“, за жал, некои од нив повеќе не се активни.

Најбројни се „Корстот од Дејкоска Маала“ и „Корстот од Топлец“,коишто со сопствени средства изградија големи сали „Св.Јонски куќи“ krstкаде што се организира празнувањето. Иако по бројност се помали активни се и “Корстовите на“ Клењовци и Косковци; Домазетовци, Поповци и Палиовци; Ѓеровци од малоото Гроф, Ѓеровци од Горна Маала; Лековци од Горна Маала како и Бизимовци, додека заради намалувањето на членовите „корстот на Долинци“ не е активен а исто така намален е и бројот на членовите на „корстот на Пејчиновци“.

Празнувањето на ваков начин бара и посебна организација, односно набавка на сите неопходни средства и материјали, сепак најактивно се вклучени „стариот кум“,кој што се грижи околу директната организација, додека помали обврски имаат „новиот кум“ и „грашарот“, кои што се знаат претходно по веќе востановен редослед.

Многу порано се прибираат дрва, обично секој од членовите е должен да донесе дрва, а „стариот кум“ го пазари овенот.

На Василица женските членови на „корстот“ одат на сучење кори за „орешниците“ тоа е еден вид на посен мазник со ореви.

krst

На 18 јануари (Водопост), „стариот кум“, „новиот кум“ и „грашарот“ од секој „корст“ одат во соборната црква Св.Илија во Горна Маала, после богослужбата тие одат во посета на сите членови на „корстот“, „стариот кум“ го носи котлето со крстот, „новиот кум“ со стап чука по вратите а „грашарот„ во “дисаѕите“ собира јаболка, ореви и грав.При посетата на куќите се јаде исклучително “орешник“ и посен грав.

Вечерта се оди „на пастарма“ кај стариот кум, се вечера посна вечера и вообичаено се пие топла ракија и вино. Тогаш од членовите на „корстот“ се избираат двајца готвачи „акчии“ кој што следниот ден ќе го приготват гравот со пастарма.

На Водици (19 јануари) уште во раните утрински часови, најмалите деца, припадници на „корстот“ носејќи котлето со крстот ги посетуваат сите куќи, таму домаќинот ги дарува со пари,месо и луканци.После тоа се оди во црквата Пресвета Богородица во Топлец, од каде што после богослужбата се заминува кај „вирот“, каде што „новиот кум“ со поминување низ водата ( симболиката на покрстувањето на Исус Христос во водите на Јордан) го презема крстот од „стариот кум“ и постанува „стар кум“, а „грашарот“ постанува „нов кум“.

„Новата кума“ ја зема погачата од кај „старата кума“ и се посетува „новиот кум“. Вечерта се оди на вечера кај традиционално се служи грав со пастарма, но со промената на навиките при исхраната особено на помладите членови на „корстот“ во поново време се припремат варени јадења со телешко месо како и печено јагне.

Утредента на 20 јануари (Св Јован) се оди на вечера кај „стариот кум“ овојпат се служи скромна вечера од сирење урда и кромид и од преостаната храна од претходната вечер. Важно е да се напомене дека доколку Св Јован падне во среда или петок тогаш се приготвува посна храна обично риба со ориз и грав.

Авторот на текстот ги повикува посетителите на страницата доколку не се согласуваат со одредени констатации, слободно можат д дадат свој придонес на нашата КОНТАКТ страница.

Во следниве денови ќе се обидеме и со фото и видео материјал да ја прикажеме атмосферата на празникот, секако и во зависност од средновековните услуги на операторот T-Home

 
web counter