Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


„Голема Недела„ - село Јабланица 2018 година


29 септември 2018 год

Како и многупати досега припремите за празнувањето на „Голема Недела“ започнуваат со завршувањето на планираните градежни работи за тековната година. И овојпат можеме со задоволство да констатираме дека работите се движат во позитивна насока и дека со Божја промисла и вербата и помошта на овој народ манастирот добива еден нов прекрасен изглед.

Св. Илија село Јабланица

Св. Илија село Јабланица

Св. Илија село Јабланица

За оваа година се заврши ѕидањето на аркадните ѕидови околу црквата и се изѕида камбанаријата која што се уште не е довршена, а исто така се изгради и помошен објект бифе, кој во голема мера ќе ја олесни работата околу послужувањето на посетителите.

Св. Илија село Јабланица

НИЕ ЈАБЛАНИЧАНИТЕ ГИ ПОВИКУВАМЕ ВЕРНИЦИТЕ ОД ЦЕЛИОТ ДОЛНИ ДРИМКОЛ И НАСЕКАДЕ УТРЕ НА 30 СЕПТЕМВРИ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ ВО ПРАЗНУВАЊЕТО НА ОВОЈ НАШ ПРАЗНИК

ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА СИ ЈА НЕГУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА ПОД ЗАКРИЛАТА НА НАШАТА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКАВА И ЕДИНСТВЕНАТА НАША ТАТКОВИНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Поопширно за значењето на празникот „Голема Недела„ и неговото прославување може да прочитате ОВДЕ


30 септември 2018 год.

„Голема Недела “ во црквата Св. Илија - село Јабланица 2018 год.


web counter