Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2013


31 јули 2013 год..

Една година од постоењето на mojatajablanica.com

Точно пред една година, во предвечерието на нашиот Македонски и Јабланички Илинден, помеѓу милионите веб страници што секојдневно се појавуваат и згаснуваат се појави и mojatajablanica.com.

Скоро 11000 посети, бројка за почит, Ви благодариме на сите што во измнатиов период бевте со нас. Страницата полека ги надминува детските болести како што се плаќањата на домејнот и хостингот, промените во дизајнот и слично.

Во годините што се пред нас, се надеваме дека ќе опстоиме и дека уште повеќе ќе ја збогатиме со нови и убави вести и интересни содржини.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИЛИНДЕН


Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2013година

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2013година
1.Белковци Победник од екипата 1 и 2 Финалист 1 Победник
2.Шајноа Маала
3.Горна Маала Победник од екипата 3 и 4
4.Топлец
5.Дејкоска Маала Победник од екипите 5 и 6 Финалист2
6.Ломница
7.Гроф Слободна екипа
 

РЕЗУЛТАТИ ОД ОДИГРАНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Белковци - Шајноа Маала 0:1

Горна Маала - Топлец 4:1

Дејкоска - Ломница 1:2

Гроф - слободна

ПОЛУФИНАЛЕ

Горна Маала - Гроф 2:0

Ломница - Шајноа Маала 1:1 (пенали) победник Шајноа Маала

ФИНАЛЕ

Горна Маала - Шајноа Маала 1:0


web counter