Илинден 2016 во село Јабланица
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2016 во село Јабланица


01 август 2016 год.

Најголемиот македонски празник Илинден и оваа година во село Јабланица се дочекува со добро расположение и познатото јабланичко гостопримство

Посетата на манастирската црква Св. Илија, дружењето и скромната закуска, турнирот во Ливаѓе се добро познати нашироко во регионот. Апелираме за поголемо присуство во црквата Св. Илија, особено за помладите генерации јабланичани.

Се надеваме дека и понатака ќе ја одржиме оваа прекрасна традиција.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ

 

Вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“

Изминативе неколку години голем дел од нашите соселани кои се на привремена работа во странство не можеа да присуствуваат на овој турнир и заради тоа одредени екипи не се во можност да состават екипи, но заради одржувањето на традицијата донесена е одлука со која што секоја екипа може во своите редови да вметне играчи кои по мајка имаат потекло од таа мала, дури за утрешниот турнир заради специфичната ситуација може да дојде и до присоединување на две екипи (во случајов Топлец и Гроф секако доколку не играат меѓусебно). Во иднина ќе се размислува за промена на форматот на турнирот во зависност од моменталната ситуација

Од оваа година турнирот се проширува за уште една екипа тоа е маалата Бојко.

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2016 година
1.БОЈКО МААЛА ---------- ------------- ---------------
2.ШАЈНОА МААЛА
3.ГОРНА МААЛА --------------
4.ТОПЛЕЦ
5.ГРОФ ----------- -------------
6.ЛОМНИЦА
7.БЕЛКОВЦИ --------------
8.ДЕЈКОСКА

Турнирот започнува во 8:30 часот со натпреварот БОЈКО МААЛА - ШАЈНОА МААЛА

Во интерес на сите присутни е почитување на термините за одигрување на натпреварите

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2016 год, село Јабланица

02 август 2016 год.


Празнувањето го започнуваме во манастирската црква Св. Илија


Дел од атмосферата во црквата Св. Илија

ilinden jablanica.jpg

ilinden jablanica.jpg

ilinden jablanica.jpg

ilinden jablanica.jpg

то се однесува до фудбалскиот турнир, за жал и оваа година турнирот беше посиромашен за екипите на Дејкоска Маала и Топлец

Ова се резултатите од вчерашните натпревари:


БОЈКО - ШАЈНОА МААЛА 1:5

ГОРНА МААЛА - ТОПЛЕЦ 3:0 (службено)

ГРОФ - ЛОМНИЦА 0:3

БЕЛКОВЦИ - ДЕЈКОСКА 3:0 (службено)


Прво полуфинале: ГОРНА МААЛА- ШАЈНОА МААЛА 6:4

Второ полуфинале: БЕЛКОВЦИ - ЛОМНИЦА 0:2


ФИНАЛЕ: ГОРНА МААЛА - ЛОМНИЦА 1:1 (после изведување на пенали 4:3)

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2016 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:

ГОРНА МААЛА

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Гроф

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Белковци

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Шајноа Маала

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Ломница

ilinden jablanica.jpg
ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ЕКИПА НА ГОРНА МААЛА

ilinden jablanica.jpg
Заедничка фотографија на финалистите

-->