Илинден 2017 во село Јабланица
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2017 во село Јабланица


01 август 2017 год.

После повеќе од една деценија во пресрет на големиот македонски празник Илинден во село Јабланица, се одржува забавно-музичка приредба. Присутните ќе ги забавува музичката група Трио Бенд.

Велат дека таму каде што ќе престане музиката и завладее тишината животот полека си заминува, за среќа во Јабланица сеуште има млади луѓе кои веруваат во животот.

Ја поздравуваме оваа нивна идеја за организирање на една ваква приредба, воедно ги повикуваме сите наши пријатели а особено нашите Долно-дримколци да не посетат и да ја продолжиме традицијата на заедничко празнување на Илинден со скромна вечера во нашите домови, а потоа и со посета на културно забавната програма.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ

 

Вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2017 година
1.ГРОФ --------------- --------------- ---------------
2.ЛОМНИЦА
3.БОЈКОО --------------
4.ГОРНА МААЛА
5.ШАЈНОА -------------- -------------
6.ДЕЈКОСКА
7.ТОПЛЕЦ --------------
8.БЕЛКОВЦИ

Турнирот започнува во 9 часот со натпреварот ГРОФ - ЛОМНИЦА

Во интерес на сите присутни е почитување на термините за одигрување на натпреварите

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2017 год, село Јабланица

02 август 2017 год.

ФИНАЛЕ: БЕЛКОВЦИ - ГРОФ 0:0 ПЕНАЛИ 3:2

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2017 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:

БЕЛКОВЦИ

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Ломница

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Белковци

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Шајноа Маала

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Бојко

ilinden jablanica.jpg
Екипата на Дејкоска Маала
ilinden jablanica.jpg
Екипата на Гроф

-->