Илинден 2018 - Јабланица
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2018 - Јабланица


01 август 2018 год.

Слично како и претходната година и годинава празнувањето на Илинден ќе започне на први август со културно забавна програма.

На нашите стари познајници групата Трио Бенд ќе им се приклучи младата естрадна уметничка Дијана Илческа.

Благодарност до сите кои што помогнаа околу организацијата на овој настан.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН

 

Вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2018 година
1. БЕЛКОВЦИ --------------- --------------- ---------------
2. БОЈКОО
3. ТОПЛЕЦ --------------
4. ДЕЈКОСКА МААЛА
5. ШАЈНОА МААЛА -------------- -------------
6. ГРОФ
7. ЛОМНИЦА --------------
8. ГОРНА МААЛА

Турнирот започнува во 9 часот со натпреварот БЕЛКОВЦИ - БОЈКОО

Во интерес на сите присутни е почитување на термините за одигрување на натпреварите

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2018 год, село Јабланица

02 август 2018 год.


Празнувањето го започнуваме во манастирската црква Св. Илија

ilinden jablanica.jpg


Дел од атмосферата во црквата Св. Илија

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2018 ГОДИНА Е EКИПАТА НА: ЛОМНИЦА која што во финалето беше поуспешна од ланскиот победник екипата на БЕЛКОВЦИ со резултат 1:0.

Оваа година турнирот се одржа со низа организациони слабости, и дождливо време.

Заради намалениот интерес на младата популација за играње фудбал како и големата миграција многу екипи излегоа на теренот со редуцирани состави. Заради тоа, после завршувањето на турнирот Организационен Одбор составен од претставници на сите маали во селото донесе одлука следниот турнир да се одржи во скратен формат односно да се изврши фузирање на екипите според стариот систем односно според географската позиционираност во селото.

Тоа значи дека во иднина екипите ќе се формираат на следниот начин:

Горна Маала и Шајноа Мала ќе настапат со една екипа под името Горна Маала, Дејкоска Маала и малата Белковци исто така ќе формираат заедничка екипа наречена Дејкоска Маала, Екипите на Гроф и Топлец ќе формираат нова екипа наречена Топлец, а Ломница и Бојкоо ќе формираат екипа наречена Ломница.


ilinden jablanica.jpg
Екипата на Ломница шампиони за 2018 год.

-->