Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Илинден 2019 - Јабланица
01 август 2019 год.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН
Вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“
Почитувани пријатели, иако претходната година, донесовме одлука со која требаше да се промени форматот на турнирот и наместо досегашните 8 екипи да се изврши фузирање и да се добијат 4 екипи, што во моментов според актуелната состојба можеби е и најреалната опција, сепак се јавија одредени барања особено од младите кои што играат да се врати стариот формат.
Нашиот Илинденски турнир има долга традиција и замислен е и направен од паметни луѓе многу одамна, нивната идеја била покрај играњето фудбал да се создаде едно заедништво, да се одржат старите пријателства и врски кои што биле нарушени со континуираната миграција како во границите на нашата држава така и надвор.
Со текот на времето турнирот го менувал форматот и местото на одржување во зависност од потребите и можностите на Јабланичани, се надеваме дека и понатаму ќе продолжи да опстојува независно во каков формат и освен спортскиот ќе продолжи да го гради и негува и духот на пријателството и заедништвото.
Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2019 година | |||
1.Топлец | слободна | Финалист 1 | Победник |
------------- | |||
2.Ломница | Победник од екипата 2 и 3 | ||
3.Бојко | |||
4.Дејкоска | Победник од екипите 4 и 5 | Финалист2 | |
5.Белковци | |||
6.Ш.Маала | Победник од екипите 6 и 7 | ||
7.Г.Маала |
Турнирот започнува во 9:30 часот со натпреварот со натпреварот ЛОМНИЦА - БОЈКО
ГИ МОЛИМЕ СИТЕ УЧЕСНИЦИ НА ТУРНИРОТ ЗА ЗАПАЗУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА НАТРЕВАРИТЕ
Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН
02 август 2019 год.
Денеска во манастирската црква Св. Илија село Јабланица по повод верскиот празник Илинден се одржа празнична литургија со присуство на голем број верници и посетители, после литургијата се одржа панихида за паднатите борци за време на Илинденското Востание од регионот на Долни дримкол.
Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2019 год, село Јабланица
Резултати:
ЛОМНИЦА- БОЈКО 2:4
ДЕЈКОСКА - БЕЛКОВЦИ 0:3 (службено)
ШАЈНОА МАЛА - ГОРНА МАЛА 1:3
ПОЛУФИНАЛЕ:
ТОПЛЕЦ - БОЈКО 2:3(пенали)
БЕЛКОВЦИ - ГОРНА МААЛА 1:2 (пенали)
ФИНАЛЕ:
ТОПЛЕЦ- ГОРНА МААЛА 2:1
Победник на Илинденскиот турнир во мал фудбал е екипата на ТОПЛЕЦ