Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Илинден 2020- Јабланица
01 август 2020 год.
Како никогаш до сега невообичаено и тивко поминаа подготовките за овогодинешниот Илинден во село Јабланица. Го нема џагорот во училишното двориште и вообилаените партии мал фудбал, ниту вревата во селските коперации. Ги нема или во сосем мал број се враќаат печалбарите од печалба, светската здравствена криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот го направи своето.
Јабланица како и насекаде во светот не е поштедена од овие случувања и јабланичани како и сите други мора да ги почитуваат сите препораки од здравствените власти. Така оваа година за прв пат од постоењето нема да се одржи традиционалниот Илинденски маалски турнир во мал фудбал, како и Илинденската забава. Но тоа е дел од животот и да се надеваме дека што побрзо ќе ги надминеме сите проблеми и ќе се вратиме во нормала.
Утре на 2 август ќе се одржи литургија по повод празникот во манастирската црква Св. Илија. Нормално дека треба да бидат запазени сите безбедносни протоколи како од страна на локалните црковни власти така и од верниците како што се дистанцата помеѓу верниците носењето маска и дезинфекцијата, се надеваме дека сето ова свесно ќе се испочитува од сите учесници на настанот.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ ИЛИНДЕН БИДЕТЕ ЗДРАВИ, ВЕСЕЛИ И СРЕЌНИ ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ ПО БЕЛИОТ СВЕТ