Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Илинден 2022 во село Јабланица
01 август 2022 год.
Овие денови Јабланица дише во знакот на дочекот на најголемиот македонски празник Илинден.
Јабланичани традиционално на 2 август во раните утрински часови прво ја посетуваат манастирската црква Св. Илија, таму се организира релаксирано дружење и скромен појадок. Од година во година бројот на посетители постојано се зголемува, особено радува фактот што помеѓу посетителите се побројни се младите Јабланичани. Се надеваме дека и понатака ќе ја одржиме оваа прекрасна традиција.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ
Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:
Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2022 година | |||
1.БЕЛКОВЦИ | Победник од екипата 1 и 2 | Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) | Победник |
2.ТОПЛЕЦ-ГРОФ | |||
3.Ш.МААЛА | Победник од екипата 3 и 4 | ||
4.ЛОМНИЦА | |||
5.ДЕЈКОСКА МААЛА | Победник од екипите 5 и 6 | Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2) | |
6.ГОРНА МААЛА | |||
7.БОЈКО | Слободна | ||
Турнирот започнува во 9:00 часот со натпреварот БЕЛКОВЦИ - ТОПЛЕЦ-ГРОФ
Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.
Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе
За многу години да го славиме Илинден
Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2022 год, село Јабланица
02 август 2022 год.
БЕЛКОВЦИ - ГРОФ-ТОПЛЕЦ 2:6
ШАЈНОА МААЛА - ЛОМНИЦА 0:0 (пенали 1:0)
ДЕЈКОСКА МААЛА - ГОРНА МААЛА 4:0
Прво полуфинале: ГРОФ-ТОПЛЕЦ - БОЈКО 1:3
Второ полуфинале: ДЕЈКОСКА МААЛА - ЛОМНИЦА 3:0
ФИНАЛЕ: ДЕЈКОСКА МААЛА - БОЈКО 1:0
ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2015 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:
ДЕЈКОСКА МААЛА
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ НАШИОТ ЈАБЛАНИЧКИ И МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕН