Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Илинден 2023 во село Јабланица
01 август 2023 год.
Нашата традиција продолжува, Јабланичани од сите краишта на светот се враќаат во родната Јабланица за големиот македонски празник Илинден. Традиционалниот заеднички илинденски појадок во црквата Св. Илија, фудбалскиот турнир и организацијата на ручекот се главните обележја за овој ден во Јабланица..
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ
Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:
Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2023 година | |||
1.ГОРНА МААЛА | Победник од екипата 1 и 2 | Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) | Победник |
2.ДЕЈКОСКА МААЛА | |||
3.ЛОМНИЦА | Победник од екипата 3 и 4 | ||
4.БЕЛКОВЦИ | |||
5.ГРОФ-ТОПЛЕЦ | Победник од екипите 5 и 6 | Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2) | |
6.ШАЈНОА МААЛА | |||
7.БОЈКО | Слободна | ||
Турнирот започнува во 8:30 часот со натпреварот ГОРНА МААЛА - ДЕЈКОСКА МААЛА
Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.
Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе
За многу години да го славиме Илинден
Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2023 год, село Јабланица
02 август 2023 год.
Традиционале илинденски појадок
Победник 2023 екипата на Ломница
Финалист 2023 екипата на Бојко
ГОРНА МААЛА-ДЕЈКОСКА МААЛА 4:1
ЛОМНИЦА - БЕЛКОВЦИ 4:1
ГРОФ-ТОПЛЕЦ - ШАЈНОА МААЛА 0:3 сужбено
Прво полуфинале: ГОРНА МААЛА - БОЈКОО 1:2
Второ полуфинале: ГРОФ-ТОПЛЕЦ - ЛОМНИЦА пенали 0:1
ФИНАЛЕ: ЛОМНИЦА - БОЈКО ПЕНАЛИ 1:0
ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2023 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:ЛОМНИЦА
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА ГО СЛАВИМЕ НАШИОТ ЈАБЛАНИЧКИ И МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕН