Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


Јablanica English Club


10 март 2016 год

Веќе неколку месеци во Јабланица престојува волонтерот Брајсен Ек, член на Американскиот Мировен Корпус.

Во следните две години зедно со сегашните наставници по англиски јазик во Основното Училиште „Гоце Делчев“, ќе помага во организирањето и изведувањето на наставата по англиски јазик.

Курс по англиски јазик село Јабланица

По барање на група жители од селото Брајсен Ек со задоволство прифати да организира курс по англиски јазик за возрасни лица.

Курсот популарно e наречен Jablanica English Club.

Воведот во курсот беше закажан за 10 март 2016 година во 19 часот. На првиот час најзабележливо беше присуството на средношколците, дел од повозрасните беа спречени заради професионални обврски да присуствуваат на првиот час, а истото се однесува и на дел од средношколците, затоа во иднина часовите ќе почнуваат во 20:30 часот секој четврток.

Во зависност од потребите и желбите на посетителите постои можност за одржување на часови најмалку два пати во работната недела.

Курс по англиски јазик село Јабланица

Заради поквалитетно одржување на часовите ќе се изврши поделба на две групи на посетители на курсот. Едната група ќе биде составена од лица кои немаат никакви или имаат само основни познавања од англискиот јазик, и група составена од лица кои имаат понапредни познавања на јазикот.

Важно е да се напомене дека курсот е бесплатен, и по неговото завршување, а во зависност од постигнатиот успех ќе се доделуват сертификати за нивото на познавање на англискиот јазик издадени од Американскиот Мировен Корпус.

Сите кои што имаат желба или чувствуват потреба да се запознаат и да го научат англискиот јазик се добредојдени.

Повеќе информции за курсот и за сите новости можете да најдене на Facebook страната Jablanica English Club.

Голема благодарност до Брајсен Ек за неговиот ангажман, како и директорката Маја Марковска и персоналот на училиштето за обезбедувањето на просторија во времиња кога се кубури со огрев и тешко се намируваат обврските за плаќање сметки за електрична енергија.