Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


Нова донација од книги за училиштето Гоце Делчев во Јабланица


23.април.2018 год.

Само два месеци после донацијата од географски карти, и други училишни помагала од страна на National Geographic, во основното училиште Гоце Делчев од село Јабланица пристигна нова донација.

Донацијата се состои од 15-тина килограми книги на англиски јазик, со различна содржина наменети за сите возрасти.

По барање на волонтерот на американскиот Мировен Корпус Andrew Gardner, невладината и непрофитна организација Darien Book Aid Plan од Конектикат ја испрати оваа донација со надеж дека овие книги ќе им помогнат на учениците во изучувањето на англискиот јазик.

pat jablanica.jpg

Инаку оваа организација испраќа книги насекаде низ светот, независно дали се тоа училишта, јавни библиотеки или поединци, сметајќи дека еден од начините за ширењето на мирот во светот е преку образованието.

Жителите на селото Јабланица и учениците, изразуваат голема благодарност за прекрасната донација на Darien Book Aid Plan и волонтерот Andrew Gardner.

pat jablanica.jpg

Andrew Gardner не застанува тука, напротив, и понатака продолжува да контактира со различни организации ширум светот, обидувајќи се во рамките на своите можности да помогне во решавањето на безбројните проблеми таложени со години.

pat jablanica.jpg

Добриот глас далеку се слуша, се надеваме дека овој глас ќе допре до некоја од нашите институции и дека конечно и тие, барем со половина ентузијазам ќе се активираат во решавање на овие проблеми.

pat jablanica.jpg

web counter